Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, само Бугарија е полоша

59

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, денеска оцени дека Хрватска е „дно на ЕУ“ во споредба со поранешните социјалистички држави и дека само Бугарија е полоша.

„Бугарија е единствена полоша од нас и секое утро се молиме на Бога ништо да не и се случи, да нема кој да биде последен. Од тоа не треба да се задоволуваме“, рече Милановиќ на седницата на Градскиот совет на Златар, по повод Денот на тој град.

Тој посочи дека Хрватска за почеток мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција на Унгарија, Чешка, а не како што рече, Данска и Шведска.