Џафери: Најверојатно јас ќе ја водам утрешната седница

174

Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре, изјави за весникот Вечер собранискиот претседател во заминување Талат Џафери.

Талат Џафери, пред десетина дена беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради пневмонија, а неколку последователни резултати од тестирањата покажале дека е негативен на коронавирус.