Може да не убие ако направиме некаква грешка

123

Златан Ибрахимовиќ со својот пристап и со своите игри колку-толку ја спаси сезоната на Милан во Серија А и му помогна на калчо гигантот да обезбеди пласман во Лига Европа.

Седумкратниот европски клупски шампион е еден од најдобрите тимови во Европа после паузата поради коронавирусот, а шведскиот интернационалец е најзаслужен за промената на менталитетот.

Тимските колеги максимално го респектираат 38-годишниот Ибракадабра, а дека го има последниот збор на „Сан Сиро“, потврди и алжирскиот интернационалец, Исмаел Бенасер.

  • Ибра многу ни помага, со него, на зелениот терен, секогаш сакате да направите нешто повеќе, не сакате да ја загубите топката. Мора да дадете се од себе, затоа што Ибра од вас бара да бидете совршени. Ако не го дадете максимумот, тогаш може да ве убие. Цело време ќе ви вика ако направите некаква грешка. Таков е Ибра, но е во право. Добро е што вика по нас ако направиме некаква грешка и добро е што нема никаков коментар кога нешто е направено како што треба. Така учиме и така може да бидеме фудбалери на највисоко можно ниво, изјави одличниот играч за врска.

Ибракадабра се врати во Милан за време на зимскиот преоден рок, а на одиграните 19 натпревари, постигна 10 погодоци и запиша пет асистенции.