Џака се сели во Милано

113

Седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, доби сериозна конкуренција во градскиот ривал Интер кога е во прашање потписот на швајцарскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Гранит Џака.

Искусниот играч за врска пред неколку недели ја загуби капитенската лента поради конфликтот со навивачите и поради таквата ситуација ќе мора да биде продаден за време на зимскиот преоден рок. Од продажбата на Џака популарните „топчии“ очекуваат заработувачка не помала од 25 мил. фунти.