Љубљана:Нов протест против потврдите за ковид и вакцинацијата

86

Во центарот на Љубљана, на платото пред зградата на парламентот, доцна попладнево започна нов протест на противниците на потврдите и вакцинацијата за ковид, каде се собраа неколку илјади луѓе.

Некои од демонстрантите носат државни знамиња, а некои слогани против владината политика и заострувањето на анти-епидемиските мерки, објави агенцијата Хина.

Поради искуството од сличен нерегистриран протест минатата среда по кој дојде до судир и беше употребен на солзавец и воден топ врз демонстрантите, овој пат полицијата ја зајакна своите сили во центарот на Љубљана, како и заштитата на зградата на Собранието која што пратениците ја напуштија денеска по препорака на полицијата.

Околу парламентот е поставена заштитна ограда, а протестот засега се одвива без немири.