Орбан: Србија веќе требаше да биде во ЕУ и Шенген

90
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва рече дека Европската унија всушност треба да ги заштити шенгенските граници уште појужно и дека Србија веќе требала да стане членка и на ЕУ и на Шенген зоната.
Доколку Србија веќе беше примена во блокот, „сите ќе бевме побезбедни“, рече Орбан за време на турнејата на унгарско-српската граница во друштво на чешкиот премиер Андреј Бабиш, пренесува МТИ.
Орбан рече дека без ограда на таа граница, милиони мигранти ќе влезат во Шенген зоната и дека ќе има повеќе криминал и терористички напади во Европа.
Тој предупреди дека Унгарија наскоро ќе се соочи со зголемен притисок на мигрантите на нејзината јужна граница, бидејќи, како што наведе, луѓето кои бегаат од Авганистан се обидуваат да влезат во Европската унија.