ЈП „Комунална хигиена“ редовно ги чисти спомен-обележјата и најостро реагира на провокациите дека некој друг го исчистил споменикот на Гоца Делчев

36

Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ ја известува јавноста дека се невистинити објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

– Имено споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само на споменикот на Гоце Делчев ЈП „Комунална Хигиена“ во изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси. Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни мерки – потенцираат од ЈП„Комунална хигиена“.

Оттаму апелираат и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини.