Јовески: Новото законско решение не значи скриена амнестија

54
Посочува дека се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителот кој ќе раководи со ова јавно обвинителство, бидејќи со новиот Закон се предвидени решенија тој јавен обвинител да го бираат јавните обвинители на непосредни избори. Според Јовески, ваквата поставеност на ова обвинителство е доволна гаранција дека ќе може успешно да се справува со тешките кривични дела и корупцијата.

Се овозможува и Обвинителството да продолжи да постапува постапува по сите предмети што ги отвори СЈО. Тврди дека новото законско решение не значи скриена амнестија на определени сторители на кривични дела.