Бугарија од туризмот лани заработила 3,7 милијарди евра

54

3,7 милијарди евра се приходите од меѓународниот туризам за 2019 година во Бугарија, покажуваат податоците на Бугарската народна банка. Резултатите покажуваат пораст од 0,4% во однос на 2018 година.

Само во декември 2019 година приходите од странски туристи надминуваат 165 милиони евра, што претставува зголемување од 10 проценти во однос на последниот месец од 2018 година.

Бројот на странски туристи се зголемил за 0,4% минатата година, достигнувајќи 9,3 милиони. Само во декември, во Бугарија се пријавени 479.226 посети на странски туристи – пораст од 9,2% во однос на истиот месец од претходната година.

За разлика од нашите соседи бројот на туристите во Република Северна Македонија во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 8.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8 %. Бројот на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 1.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.6 %.

Извор: Бизнис Вести