Ја демолирал пицеријата откако западнал во долгови „благодарение“ на Ковид-19/ВИДЕО

481

Педесет и деветгодишниот Италијанец Џан Марио Фену, сопственик на пицерија на Сардинија на Фејсбук објави видео како го крши целиот инвентар во локалот.

Имено, кога сфатил дека ќе западне во поголеми долгови ако чека два месеци за повторно да го отвори угостителскиот објект, наместо веднаш да ја затвори вратата, тој одлучил да искрши сè.

На снимката која ја објавил, порачал дека за сè е виновен коронавирусот.

„Ти благодарам, ковиде“, вели тој, додавајќи дека не може повторно да го отвори.

– Не обвинувам никого, едноставно не можам да продолжам. Иако беше затворена, пицеријата ми чинеше 3.000 евра месечно – навел Џан.

Поради пандемијата на коронавирус и воведувањето рестриктивни мерки во Италија, сите кафулиња, пицерии и ресторани, меѓу другите, се затворени уште од март.