Јас сакам, ама Реал (М) не сака

134

Жозе Мурињо, кој беше предводник на Реал (М) од 2010 до 2013 година, потврди дека би немал ништо против доколку се врати на “Сантијаго Бернабеу”.

Истиот момент кога му беше врачен отказот од раководните лица на Манчестер Јунајтед, португалскиот стручњак беше дефиниран како можен наследник на Сантијаго Солари, кој е под силен притисок поради двата по ред порази од најголемиот ривал Барселона.

  • Да се вратам во клуб кој има вистинска структура и вистински амбиции? Јас немам никаков проблем за такво нешто. Убаво е чувството дека те сака клубот во кој веќе си работел. Сепак, досега тоа ми се има случено со Челзи, не и со Реал (М). Ми се допаѓа Шпанија, но јас не го бирам клубот поради климата. Тоа е најдобриот клуб во целиот свет, 13. тутули во Лигата на шампиони. Едно од најубавите чувства кои ги имам доживеано во фудбалскиот свет е мојот кам-бек во Челзи. Кога те бараат по втор пат, тоа значи дека си навистина добар. Тоа е нешто прекрасно, изјави Мурињо.

Како предводник на “кралскиот клуб”, Мурињо, освои една шампионска титула во Примера, еден Суперкуп и еден Куп на Шпанија.

Неговото име во медиумите повторно е активно особено после минималниот пораз кој Реал (М) го доживеа во првенствената пресметка против Барселона, а три дена претходно, реванш полуфиналната пресметка во Купот на Шпанија помеѓу истите два клуба заврши со убедлив триумф на каталонскиот гигант од 3:0.

По првенствениот дуел Солари беше запрашан што точно мисли околу можниот кам-бек на Мурињо.

  • Овој клуб секогаш имал повеќе кандидати од Џулија Робертс што има, изјави аргентинскиот стручњак.

Контроверзниот Португалец откри што мисли за играта на Реал (М) во Лигата на шампиони.

  • Погледнете што прави Реал (М) во Европа, во елиминациската фаза, каде што се големите морски кучиња, кога ќе почне вистинското натпреварување. Тоа што го има направено во последните пет години е нешто фантастично. Од моето заминување, клубот седум пати бил дел од полуфиналната рунда. Во последните пет години четири пати играше во финалето и освои четири трофеи. Апсолутно неверојатно. Сепак, ако се погледне тоа што јас го викам маратон, каде е потребно да бидеш стабилен, регуларен и силен од август до мај, тогаш во последните 10 години Реал (М) има освоено две титули. Постои голема разлика помеѓу Лигата на шампиони и првенството. За играчите Лигата на шампиони е Ел Дорадо. И покрај променливата игра Реал (М) може да ја освои титулата во ЛШ. И да не ја освои, ќе се знае дека ја има освоено четири пати во последните седум години, додаде Мурињо.