Јунајтед на прошетка во Париз

67

Секоја чест за последните резултати во Премиер лигата, каде не знае за пораз и повторно е во игра за првите четри позиции, но Манчестер Јунајтед нема што да бара кога е во прашање реванш 1/8 финалниот дуел против ПСЖ во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. “Црвените ѓаволи” пристигнаа во Париз со негатива од два гола и се освен пласман на “светците” во следната елиминациска рунда ќе биде дефинирано како вистинска сензација. Освен резултатската негатива, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскер има главоболка и поради неиграњето на дури 10 фудбалери. Од сите тие, најмногу ќе се осети отсуството на француските интернационалци, Пол Погба и Антони Марсијал.

  • Ќе се обидеме да уживаме во натпреварот. Добро знаеме колку е тешко да се игра во Париз, но ПСЖ одигра одлично на “Олд Трафорд”. Имаме голем предизвик пред нас, а фудбалерите имаат шанса да покажат што точно знаат. Подобро да победиме со 4:2 отколку да бркаме 2:0. Ако на полувремето имаме предност од 1:0, тогаш сите опции се во игра, изјави менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскер.

Далеку поголема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на реванш пресметката помеѓу португалскиот гигант Порто и италијанскиот калчолигаш Рома. Првата пресметка на “Олимпико” заврши со минимален триумф на “волчицата” од 2:1.

  • Мора да бидеме агресивни од првиот судиски свиреж, да бидеме силни во секој дуел. Знаеме дека ни е доволна и победа од 1:0, но тој резултат е многу опасен. Убеден сум дека можевме да оствариме подобар резултат на првиот натпревар, но направивме неколку грешки кои не смееме да ги повториме на домашниот терен, изјави тренерот на Порто, Серџо Консеисао.