Јапонскиот натпреварувач Риота Јамамото е лидер по скијачките скокови, првиот дел од натпреварувањето во нордиската комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг. Јамамото прескокна 108 метри и за тој скок доби 133 поени во првиот дел од натпреварувањето. Тој ќе стартува со 38 секунди предност во трката на 10 километри во крос-кантри.

Австриецот Лукас Грајдер ќе стартува втор откако собра 123.4 поени, а зад него се германските натпреварувачи Јулијан Шмид (123,1) и Јоханес Риџек (122,2).