Јакимовски: Ќе штедиме или ќе поскапи уличното осветлување!  

56

Жителите на Општина Карпош револтирано реагираат на социјалните мрежи дека речиси две недели е мрак по улиците, затоа што од 1 часот по полноќ се изгаснати уличните светилки. Тоа го потврди и градоначалникот Стевчо Јакимовски.

– Набавивме 173 тајмери со кои се гаси уличното осветлување. Тоа трае четири часа, до 5 часот, бидејќи сметките за електрична енергија се за три и пол пати повисоки од оние што сме ги имале претходните години. За 2020 и 2021 година, тие изнесувале 13 милиони денари годишно. Такви сметки се наметнаа и за 2022 година, но, за жал, само во првите три месеци тие 13 милиони денари се потрошија. Од 2 милиона денари, сметките се зголемија на 7 милиони денари месечно, што значи плус 5 милиони денари или 80.000 евра – истакнува Јакимовски. Тој наведе дека има на располагање две опции за излез од ваквата ситуација: да се штеди како што се прави сега или да се зголеми цената за улично осветлување од сегашните 150 на 500 денари по тарифно броило за да се покријат трошоците

Жителите на Општина Карпош револтирано реагираат на социјалните мрежи дека речиси две недели е мрак по улиците, затоа што од 1 часот по полноќ се изгаснати уличните светилки. Некои од нив дури повикуваат да се поднесе граѓанска тужба против Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски поради „ускратеното право на улично осветлување кое граѓаните го плаќаат во сметките за електрична енергија“. Заговараат да се организира протест пред Општината.

– Ако веќе Општината нема пари за улично осветлување, градоначалникот нека оди во ЕВН да побара да се ослободат сметките. Ајде тоа што живееме во селски амбиент и црни темници, барем да не плаќаме за светло што го немаме – коментира Сашо Џ.    

По реакциите на жителите на Општина Карпош, денеска градоначалникот Јакимовски излезе со видеообјаснување во кое не негираше дека се исклучува уличното осветлување, а како причина за тоа го наведе штедењето поради енергетската и воопшто економската криза во земјава.

– По 1 часот по полноќ се гаснат уличните светилки. Набавивме 173 тајмери со кои се гаси уличното осветлување. Тоа трае четири часа, до 5 часот наутро, бидејќи сметките за електрична енергија се за три и  пол пати повисоки од оние што сме ги имале претходните години. За 2020 и 2021 година, тие изнесувале 13 милиони денари годишно. Такви историски сметки се наметнаа и за 2022 година, но, за жал, само во првите три месеци тие 13 милиони денари се потрошија. Од 2 милиона денари, сметките се зголемија на 7 милиони денари месечно, што значи плус 5 милиони денари или 80.000 евра – истакна Јакимовски.

Тој наведе дека има на располагање две опции за излез од ваквата ситуација: или да се штеди како што се прави сега или да се зголеми цената за улично осветлување од сегашните 150 на 500 денари по тарифно броило за да се покријат трошоците.

– Ако граѓаните ја сакаат оваа варијанта, јас ќе овозможам тие да се изјаснат на референдум – дециден е Јакимовски.

Тој тврди дека и со ова исклучување се штеди само 30 проценти од сметката, за што и вака треба дополнително да се издвојуваат 50 илјади евра од буџетот на Општината. Градоначалникот додаде дека Општината максимално штедливо се однесува, поради што во сите овие шест месеци од 5,5 милиони евра долг на Општината, тој е намален на 3 милиони евра.

– Во услови кога на илјада километри одовде има војна, има зголемување на цената на електричната енергија, не можеме да бидеме неодговорни и да не штедиме. Кафеаните затвораат во 12 часот. Младите луѓе и другите посетители на кафеаните имаат доволно време да се вратат во своите домови. Не може, а да не се штеди. Во спротивно, ќе треба да прекинеме со проектот за субвенционирање на возачките дозволи, со замена на покривите и лифтовите, ќе треба да се крати од платите на вработените во Општината, бидејќи ги немаме тие пари – вели Јакимовски, нагласувајќи дека, како општина, одлучиле да штедат, за како што истакна, наредната година да се обезбедат 4-5 милиони евра за покриви на зградите, за фасади, итн.

Тој смета дека граѓаните воопшто не се оштетени со ваквата одлука. Освен тоа, Јакимовски најави дека ќе постават фотоволтаици од 1 мегават со кои, како што нагласи, ќе се компензира високата цена за осветлувањето.

Тој ги замоли граѓаните за разбирање, бидејќи се работи за вонредна ситуација на која треба да се приспособат и локалната самоуправа и тие.

(А.П.)