Министерот за финасии Фатмир Бесими во својата најнова колумна вели дека јазот меѓу домашната и европската стапка на инфлација е надминат, а тоа како што додава е резултат на мерките со кои се вршеше затегнување на монетарната политика на НБ. Споредено со претгодната година оваа година инфлацијата вели бележи остар пад.

Во ноември минатата година во ЕУ годишната стапка на инфлација изнесуваше 10,1%, а кај нас 19,5%, односно разликата е 9,4 п.п., во ноември 2023 година и кај нас и во ЕУ стапката на инфлација е 3,1%. Големото учество на храната во индексот на потрошувачките цени и увозот на енергенси имаа силно влијание врз домашната инфлација, пишува Бесими.

Тој за следната година најавува дека ќе продолжи реализацијата на антикризните мерки, преку понатамошно спроведување на деветиот пакт, кој е во износ од 662,4 милиони евра. Десетина од мерките предвидени со деветиот пакет ќе се реализираат во 2024 година.