Ѓорѓе Давид, пред воведување на вонредната состојба, бил во нашата држава. Поради тоа со денови не излегува од својот дом. Неговата вонбрачна сопруга Ана и ќерка живеат во друг стан поради вирусот.

Од Северна Македонија допатував минатиот петок. Седев со  градоначалникот во Гевгелија во моментот кога тој почна да добива информации за вирусот. Во петокот наутро кога тргнав за Охрид, мојата Ана ме бараше на мобилен да ми каже за што станува збор. Не верував дека ситуацијата ќе дотурка толку далеку. Докторите со кои редовно се слушам и на кои им верувам напоменуваат дека дисциплината е најважна – вели рокерот.

Бидејќи патувал и бил во нашата држава не оди во станот кај Ана и ќерката, туку се наоѓаат пред нивната зграда. Тогаш тие се заедно, но на пропишана оддалеченост бидејќи сака одговорно да се однесува кон неговите најблиски.

За време на изолацијата тој се потсетува на заборавените кулинарски моменти. На социјалните мрежи не е многу активен. Доколку добие информации од Италија од негови виртуелни пријатели веднаш ги споделува. (М.А) – Фото:ФБ.