Книга:  „Blue Moon“ – влегување во ‘светот на возрасните’

59

Романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш „Blue moon“ претставува предвоен роман од повоената хрватска книжевност.

„Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на осумдесеттите години на дваесеттиот век. Во својата егзис­тен­цијална изгубеност се соочува со најавата за војна која ја слуша на улица или во семејните разговори. Се соочува со судир на младешката супкултура и трауматичното семеј­но наследство. Во романот се прави спој на интимната и општествената атмосфера и уверливо се чувствува сликата на автентичната предвоена мачнина. Романот претставува слоевито збогување на јунакот со една младост и со едно време на безгрижност и студентска слобода и влегување во ‘светот на возрасните’, односно во сериозната доба во живо­тот. Приказната за главниот лик Чарли се однесува на период од неколку месеци – откако тој првпат ќе ја види девојката од своите соништа до моментот кога нејзината бременост е напредната а идниот избезумен татко од про­зо­рецот гледа како минува камион полн со мртви тела. Романот се потпира на сопственото искуство на писателот, но не е авто­биографски“, посочуваат од Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје.