Ѓорче Петров нема доволно пари да ја заврши општинската зграда

157

 Од локалната самоуправа очекуваат по отворената стечајна постапка за фирмата „Трансмет“, со која имаше склучено договор за јавно-приватно партнерство за изградба на општинската зграда да ги наплатат своите побарувања

-Приватниот партнер од субјективни и објективни причини не беше во состојба во предвидениот рок да го изгради објектот. Делот на Општината 90 отсто е изграден, остануваат недовршени внатрешните градежно-занаетски работи, тестирање на инсталациите и опремување со мебел и друга опрема. Според последните проценки за довршување на градежните работи и внатрешно опремување на општинската зграда потребни се околу 500.000 евра за новата зграда да се оспособи и да се пушти во функција – децидни се од Општина Ѓорче Петров

 

Сега за сега, администрацијата на Општина Ѓорче Петров останува во стариот објект иако досега требаше да биде изградена новата општинска зграда до трговскиот центар „Емпорио“, кој заедно требаше да изгради фирмата „Трансмет“  којашто отиде во стечај.

Причината за тоа, како што велат од Општината Ѓорче Петров, е тоа што во моментов нема толку пари за да можат сами да ја доврши општинската зграда.

Оттаму очекуваат по отворена стечајната постапка во 2019 година  за фирмата „Трансмет“ да ги наплатат своите побарувања.

-Во октомври 2017 година е изграден габаритот на целиот објект, но оттогаш градежните работи стагнираат. Приватниот партнер од субјективни и објективни причини не беше во состојба во предвидениот рок да го изгради објектот. Делот на Општината 90 отсто е изграден, остануваат недовршени внатрешните градежно-занаетски работи, тестирање на инсталациите и опремување со мебел и друга опрема. Според последните проценки за довршување на градежните работи и внатрешно опремување на општинската зграда потребни се околу 500.000 евра за новата зграда да се оспособи и да се пушти во функција – децидни се од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму објаснуваат дека во согласност договорот за јавно-приватно партнерство, склучен помеѓу Општина Ѓорче Петров како јавен партнер и Друштвото „Трансмет“ ДОО Скопје,  на 26. 6. 2013 година, по спроведена постапка со јавен оглас е предвидено приватниот партнер т.е. „Трансмет“ ДОО Скопје да изгради административно деловна зграда со бруто-површина од 15.000 квадратни метри и подземен паркинг простор во согласност со постојната законска регулатива за ваков вид на објекти.

-Од вкупната бруто-површина 15.000 квадратни метри, 24 проценти, односно 3.600 квадратни метри и 40 паркинг-места под објектот припаѓа на јавниот партнер Општина Ѓорче Петров, а 76 проценти, односно 11.400 метри квадратни на приватниот партнер „Трансмет“. Согласно со овој договор од самиот почеток е и утврдена сопственоста на објектите – велат од Општина Ѓорче Петров.

Општината не учествуваше со финансиски средства во изградбата на објектот туку со  градежното земјиште кое е во сопственост на државата и со ослободување на приватниот партнер од надоместокот за уредување на градежно земјиште во висина од  40 проценти, односно  делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште што ѝ припаѓа на Општината.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, по измените на ДУП-от од претходната владејачка гарнитура, зголемена е квадратурата за деловниот простор на „Трансмет“ преку зголемена катност, а квадратурата на општината останува иста.

-Со тоа, наместо 24 проценти од комплексот, согласно со ЈПП договорот, општината добива двојно помалку простор, а просторот на „Трансмет“ двојно се зголемува.  Дополнително „Трансмет“ добива 40 проценти за комуналии -нагласуваат општинските власти.

 (А.П.)