Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на играчот за врска од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Лоренцо Пелегрини. Британските медиуми открија дека Пелегрини не сака да ја продолжи соработката со „волчицата“ затоа што сака да се пресели во Премиер лигата. Неофицијално, раководните лица на популарните „петли“ се подготвени да одвојат околу 30 мил. евра за неговите услуги.