Новак Ѓоковиќ во Мелбурн ја освои 22-та гран-слем титула, откако во финалето по речиси три часа игра го победи Стефанос Циципас во три сета со 6-3, 7-6, 7-6.

По исцрпувачкиот и крајно неизвесен меч, српскиот тенисер на церемонијата се појави во „Лакоста“ јакна со извезен број „22“ како да го предвидел исходот од овој меч.

Бројот „22“ го симболизира гран-слем рекордот кој Ѓоковиќ го изедначи со Рафаел Надал. А деталот од неговата јакна предизвика големо внимание во јавноста.

Симболиката на десната страна од јакната на градите на Ѓоковиќ на симпатичен начин ја прокоментира и „бунтовниот“ Ник Киргиос.