Ѓоковиќ не би имал успешна кариера без помошта од Борис Бекер

86

Францускиот тениски стручњак Патрик Миратоглу, истакна дека поранешниот тренер на светскиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер ја подигнал неговата игра на повисоко ниво.

Миратоглу, кој моментно е тренер на Серена Вилијамс, а му помага и на младиот Грк Стефанос Циципас, зборуваше за тоа колку тренерот е важен за кариерата на еден тенисер. Тој потребата за тренер во кариерата на тенисерот ја спореди со потребите од секојдневниот живот.

-Никој во животот не е сам. Секогаш имаме луѓе околу нас, пријатели и семејство. Луѓе со кои соработуваме. Во животот се се сведува на тимската работа. Никој не станува голем сам од себе, тоа не се случува, а така е и во тенисот, изјави Миратоглу.

Францускиот стручњак го пофали и Германецот Борис Бекер, кој му беше тренер на Ѓоковиќ три години, поточно од 2013 до 2016 година.

– Мислам дека треба да имате почитување кон тренерите. Погледнете што направи Борис Бекер од Ѓоковиќ. Тоа е неверојатно, тој го подигна на повисоко ниво. Мислам дека и работата која ја направи Магнус Норман со Стен Вавринка е исто така неверојатна и мислам дека двајцата немаше да имаат ваква кариера без нивните тренери, изјави Миратоглу и додаде дека играчите заслужуваа најголеми пофалби, но и дека се тренерите навистина важни.

– Мислите дека Енди Мареј би имал успешна кариера да не беше Иван Лендл? Се сомневам, но никогаш нема да дознаеме. Воглавно го гледаме само она што го прават тенисерите под влијание на своите тренери. Можеби не секогаш, но често мислам дека е чесно да се остави тренерите да покажат што можат да направат од своите тенисери, заврши Французинот.