Рафаел Надал, Доминик Тим, Роберто Баутисра – Агут , Денис ШАповалов, Гале Монфилс се само еден дел од тенисерите кои одлучија да не настапат на Олимписките игри во Токио, што ќе се одржат од 23 јули до 8 август годинава. Токму поради многубројните откажувања од Олимписките игри се поставува прашањето е дали и Новак Ѓоковиќ ќе го прескокне најголемиот спортски настан сезонава.

На светскиот тениски рекет број еден во кариерата единствено му недостасува олимпиското злато, но според зборовите на коментаторот на Еуроспорт Алекс Кореча, Новак добро би требало да размисли дали ќе игра во Токио.

  • Заминувањето во Јапонија значи промена на временската зона, поголема влажност, голема жештина, играње на тврда подлога после земја и трева, малку време за опоравување. Токму затоа мора да се направи избор, бидејќи не е лесно да се натпреваруваш на секој турнир. Затоа не сум сигурен дека Новак ќе игра на олимпискиот турнир, а доколку го направи тоа ќе си иг намали шансите да го освои САД Опен. Не би бил изненаден доколку Новак ќаже дека нема да игра на Олимписките игри. Игрите се важно натпреварување, бидејќи ќе се одржуваат на секој четири години и тоа е важно за атлетичарите, пливачите, гимнастичарите. Важни се и тенисерите, но не и најважни. Морате да направите приоритет. Не се работи за тоа  дали сакате да ја претставувате својата земја или не, тоа е апсурдно, само мора да направите приоритет, порача Кореча, кој моментно работи како стручен консултат во „Еуроспорт“

Шпанецот семта дека на Новак, поголем приоритет му е да го освои календраскиот грен слем.

  • Има големи шанси да се закити со календарски грен слем. Не само заради Рафа и Роже, туку и заради она што го направи на Ролан Гарос, што беше јасна порака за сите ривали. Сите очекуваа дека ќе биде добар на Австралија опен , се знаеше дека може да игра добро на ролан Гарос, но не сум сигурен дека некои очекуваше дека ќе одигра толку добро во долгите натпревари и дека ќе успее да се врати од негатива од два сета. Не би се изненадил ако успее да го освои и Вимблдон и САД Опем, заврши Кореча.