Хорот на НОБ вечерва ќе одржи концерт како дел од програмата на „Скопско лето“

132

Како дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“, вечерва хорот на Национална опера и балет ќе одржи концерт на Зелениот покрив на ГТЦ.

Диригенти и хор мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, пијано придружба на Јанинка Невчева, а режисер е Трајко Јордановски. Учествува Хорот при Националната опера и балет, инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски. Ќе се изведуваат делови од оперите „Кармина Бурана“, „Набуко“, „Трубадур“, „Травијата“ и „Кармен“.

Организаторите на фестивалот информираат дека влезот е слободен за сите посетители.