„Ѓаволски“ дрес за Мартинез

142

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, Лаутаро Мартинез. „Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов напаѓач кој треба да биде замена за уругвајскиот интернационалец, Единсон Кавани. Освен парична понуда, Јунајтед е подготвен во обратната насока да го испрати и францускиот интернационалец Антони Марсијал.