Во Шуто Оризари поставени три садови за кабаст отпад

71

Во текот на вчерашниот ден, Градот Скопје и јавните градски претпријатија започнаа акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари.

Во рамките на акцијата, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите и автобуските постојки.

– ЈП Комунална хигиена-Скопје постави специјални садови за одлагање кабаст отпад на дополнителни три локации во оваа скопска општина. Покрај локациите кај автобуската постојка на последна 19-ка, спроти затворот – кај Жуто Лукс и на паркингот зад општината Шуто Оризари, во текот на денешниот ден се поставени садови и во населеното место Визбегово, на булеварот Македонско-косовска бригада бр.10 и на улицата Вашингтонска – кај СУГС „Шаип Јусуф“ – информираат од ова претпријатие.