Што им нуди опозицијата за пратениците од власта да преминат во нивната коалиција?

Иако теоретски сè е можно, во овој момент нема атмосфера за комбинации во законодавниот дом. Мнозинство е мнозинство, макар и со еден пратеник повеќе, коментира во изјава за весникот ВЕЧЕР, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. - Математички сè е можно, и ново мнозинство и нови коалиции, можно е и СДСМ да преговара со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но не знам колку е сето тоа реално. Во секој случај, за какви било комбинации мислам дека власта е поатрактивна од опозиција. Не знам што им нуди опозицијата на пратеници од власта за да преминат во опозиција? Практично ова е тешко остварливо, мнозинство е секако мнозинство макар и со еден пратеник повеќе, вели Муслиу

225

Без многу детали за колку пратеници станува збор, и со кого се преговара, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави формирање на ново мнозинство во парламентот. Тесната разлика во изборните резултати меѓу власта и опозицијата, ситуацијата со корона вирусот, и неколкуте позитивни пратеници деновиве повторно ја кочат работата на законодавниот дом.

Без договор за онлајн собрание, со предност од само неколку пратеници, владејачкото мнозинство повторно е ставено на тест, како ќе се обезбеди потребно мнозинство за работата на Собранието да тече непречено.

Иако теоретски се е можно, во овој момент нема атмосфера за комбинации во законодавниот дом. Мнозинство е мнозинство, макар и со еден пратеник повеќе, коментира во изјава за весникот ВЕЧЕР политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

-Математички се е можно, и ново мнозинство и нови коалиции, можно е и СДСМ да преговара со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но не знам колку е сето тоа реално. Во секој случај, за било какви комбинации мислам дека власта е поатрактивна од опозиција. Не знам што им нуди опозицијата на пратеници од власта за да преминат во опозиција? Практично ова е тешко остварливо, мнозинство е секако мнозинство макар и со еден пратеник повеќе, вели Муслиу.

Атмосферата во собраниските клупи дополнително ја загреа изјавата на  потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој обелодени дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство. Потенцира дека не се работи за пратеници од БЕСА или ДУИ, туку од коалицијата на СДСМ.

– Има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство – истакна Николоски.

Тој смета дека актуелниот парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ е најсилен и дека тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаат.

Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои ги избираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и сум апсолутно убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.

На оваа негова изјава реагираа од СДСМ, велат бројот на пратеници предводени од СДСМ може само да се зголемува.

„Губитникот Мицкоски сонува парламентарно мнозинство, уште еден негов блеф за да ја задржи фотелјата во белиот дворец. Бројот на пратеници во Собранието, кои го следат исправниот пат по кој води парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, може само да се зголемува. Александар Николовски е еден од малкутемина кој верно го следи главниот фабрикант на лажни вести, докажаниот губитник Мицкоски. Откако не му успеа преку лицемерни протести да го мобилизира сопственото членство, сега во очај смислува конструкции со цел да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, за да продолжи да ги исполнува нарачките на неговиот ментор Никола Груевски“, реагираше СДСМ.

Во исто време, од владејачкото мнозинство ги повикаа пратениците од опозицијата заедно да го изгласаат Буџетот за 2020 година.

„Со измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки за справување со економските последици од коронакризата. Со овој пакет мерки, 70 милиони евра ќе се искористат за спас на 83.000 работни места, односно ќе се субвенционираат вкупно 250 илјади плати за месеците октомври, ноември и декември, а поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста, ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно“, рече пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој додаде дека со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283 илјади граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари и дека на тој начин близу 100 милиони евра ќе завршат кај над 360 илјади граѓани.

Костадинов оцени дека во четвртиот пакет се содржани уште дваесетина мерки за поддршка на компаниите, преку поволни кредити, грантови и даночни олеснувања. Портпаролот нагласи дека грижата што Владата ја покажува во време на здравствена криза продолжува и со четвртиот пакет мерки.