Што барав во Реал (М) откако го купија Модриќ?

101

Аксел Витсел е еден од ретките фудбалери кој може да се пофали дека ги има одбиено понудите на Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Реал (М) и на Јувентус. Пред неколку дена одличниот играч за врска го прослави јубилејниот 30-ти роденден, а веќе втора сезона го носи дресот на германскиот гигант Борусија од Дортмунд.

Пред седум години Витсел реши дека е дојден вистинскиот момент да стави крај на авантурата во дресот на Бенфика, но на големо изненадување својата кариера ја продолжи во редовите на рускиот гигант Зенит.

  • Можев да ја прифатам понудата на Реал (М) каде Мурињо беше тренер. Но во тој момент Реал (М) ги осигура услугите на Лука Модриќ. Сметав дека нема потреба и јас да бидам дел од тој тим. На крајот од преодниот рок добив понуда од Зенит. Понудата беше добра и постигнавме договор. Не се плашев од преселбата во Русија, откри Витсел.

Откако му истече договорот со рускиот клуб, репрезентативецот на Белгија за малку не заврши во редовите на калчо гигантот Јувентус.

  • Ми завршуваше договорот со Зенит и јас сакав да потпишам за Јувентус. Го поминав и лекарскиот преглед и требаше само да го потпишам договорот. Цел ден чекав во канцеларијата, а потоа ме побараа челниците на Зенит и ми кажаа дека треба да се вратам. Можеби тоа беше судбина, можеби не беше добар момент за да си заминам, додаде Витсел.

Претходното лето Белгиецот ја прифати понудата на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд.

  • Прво ме побара спортскиот директор Михаел Цорк, а потоа и тренерот Лусиен Фавре. Имав и други понуди, од Јунајтед и ПСЖ, но не сакав да чекам. Имав чувство дека сум прв избор на Борусија. Многу ми е важно да се чувствувам убаво кога потпишувам за новиот клуб. Се одлучив за Борусија затоа што е топ-клуб. Ова можеби ми е последна шанса, затоа што тогаш имав 29 години, заврши Витсел.