Австралискиот пчелар Пол Вуд пронашол огромна пчелина кошница во една куќа во Бризбејн.
Вуд отстранил неверојатни 50 килограми саќе од кое била сочинета кошницата, како и 60.000 пчели.
Видео-снимката од неговото отстранување на саќето преполно со мед од џиновските кошници стана хит на интернет.
Пчелите Вуд ги отстраник со машина за смукање, сместувајќи ги во посебна кутија, а потоа и нашол нов, ама привремен дом на својот имот.
По некое време, и кога ќе се навикнат на новата кошница, пчелите ќе добијат и нов сопственик.