Штетите oд земјотресот се големи, но ни приближни до оние во Турција: Што ги „спаси“ Јапонците?

490
EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонија сѐ уште ги брои жртвите по разорниот земјотрес на 1 јануари.

Најмалку 73 лица досега загинаа, а урнатините и оштетените патишта ги спречуваат спасувачките служби да стигнат до преживеаните. Сепак, поголемиот дел од светот очекуваше дека последиците од земјотрес од таа јачина ќе бидат значително поголеми.

Јапонците ги спаси посебниот начин на изградба на зградите.

Во близина на епицентарот на земјотресот уништени се околу 1.000 куќи. Иако штетите во Јапонија се големи, не се ни блиску до она што лани го предизвика земјотресот со слична јачина во Турција.

„Турција е најдобар пример за тоа како изгледаат последиците од земјотресот кога е изграден правилно и како што е предвидено, односно како експерти ја подготвуваат зградата и како изгледа кога некој не ја почитува. Имавте случај кога падна цела улица, а една зграда остана без ниту еден скршен дел од прозорците. Тоа значи дека некој што ја проектирал зградата ги почитувал прописите и советите на инженерите кои ја дизајнирале“, вели инвеститорот Веселин Ражнатовиќ.

Јапонија е меѓу трите најранливи зони, па нивните градители ја подготвуваат инфраструктурата за силни земјотреси за време на изградбата.