Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Тасевски, повикан во полиција да даде изјава по пријава

1912

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, денеска беше повикан во полиција да даде изјава откако бил пријавен од страна на лица од раководството на македонската навигација, поради преписка преку и-мејл, во која, како што тврдат тие, им се заканувал.

Информацијата за Телма ја потврдил самиот Тасевски, кој во своја одбрана рече дека преписката била извадена од контекст и најави дека повеќе информации ќе изнесе на прес-конференцијата во четврток.

Синдикатот на контролорите на летање неколку пати досега обвини дека во агенцијата се вработуваат несоодветни кадри. Претходно, раководители на инженерски сектори поднесоа оставки на функциите, поради несогласување со начинот на кој биле вработени последните кадри кои избегнале тестирање.