Шпанија донирa вакцини за Латинска Америка и Карибите

16

Шпанија ќе донира 7,5 милиони дози вакцини против ковид на 19 земји од Латинска Америка и Карибите, објави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

Тој додаде дека Шпанија, исто така, ќе донира уште 7,5 милиони дози вакцини за земјите од субсахарска Африка и јужна Европа, објави Ројтерс.

Со овие најнови донации, придонесот на Шпанија во рамките на програмата Ковач е зголемен на 30 милиони дози, изјави шпанскиот премиер пред новинарите пред да учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк.