Шојгу во Белорусија: Западот само официјално не објавил војна на нашите земји!

142

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, денеска допатува во Белорусија каде се состана со белорускиот министер за одбрана и со претседателот Слександар Лукашенко. Руските и белоруските режимски медиуми објавија дека Шојгу со белорускиот колега разговарал за „воената обука и регионалната сигурност“

„Белорусија секогаш била и остана наш партнер. Тоа денес е посебно важно, во услови на колективен притисок од Западот без преседан и војна која само што не е официјлно објавена на нашите земји“ – рекол Шојгу, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.