Згодните и атрактивни девојки секогаш оделе со фудбалерите, без разлика на нивниот изглед. Така е и со 35-годишниот Жервињо, поранешен играч на Арсенал и Рома. Тој во последните години настапуваше во Турција, а од летово е член на грчкиот клуб Арис каде што досега забележа десет настапи и постигна еден гол.

Жервињо цел живот има проблеми со косата, поточно косата воопшто не му расте на еден дел од главата, но тоа не го спречува покрај себе да има убави жени.

Пред неколку дена во градот Маркори (Кина) отворил сопствена резиденција на 600 метри квадратни и за неа потрошил неколку милиони евра. Сепак, она што најмногу привлече внимание е опкружувањето на Жервињо, атрактивна русокоса која ги засени сите, вклучително и сопственикот на објектот.

Жервињо поради проблемот со косата, поради кој често беше исмејуван, на сите настани се појавува со капа на главата, додека на натпреварите носи лента.

Додека беше член на Рома, во еден момент лентата му падна од глава, сцената брзо стана вирална, а поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска беше цел на потсмев на интернет.