Шестото сетило никогаш не греши, зарем не сте се увериле досега

182

Кога сме во дилема и не можеме да процениме која одлука е најдобра, интуицијата е драгоцена. Таа може да не одведе во вистинска насока, само ако малку подобро ѝ посветиме внимание.

Таа е феномен кој уште не успеале да го објаснат, ама повеќе пати е докажано дека е навистина моќна и дека може да насети многу нешта.


Еве во кои ситуации интуицијата е од непроценлива корист:

Кога внатрешното чувство ви кажува дека нешто не е во ред, иако на прв поглед е сѐ совршено. Дури иако не можете да најдате логично објаснување за чувство на вознемиреност во некој момент, послушајте го, можеби ќе ве спаси од некоја неволја.

Ако чувствувате страв или нелагодност да направите нешто, а интуицијата ви вели дека тоа ќе биде најдобрата одлука, веројатно не греши. Благодарение на интуицијата излегуваме од зоната на комфорот и постигнуваме големи резултати.

Кога вашата врска наизглед функционира добро, ама оној внатрешниот глас ве опоменува дека не станува збор за голема љубов. Ако се јави и мал црв на сомнеж, интуицијата ќе го препознае.