Шест момчиња од околината на Задар се осудени во Жупанискиот суд за повеќекратно сексуално злоставување на тогаш 15-годишно девојче од нивниот град. Четворица добија затворски казни, додека двајца нема да бидат зад решетки.

Првообвинетиот доби единствена казна од седум години затвор, второобвинетиот две години и шест месеци, третообвинетиот три години, а четвртообвинетиот една година затвор. На другите двајца им е изречена условна казна. Петтопријавениот е осуден на три години малолетнички затвор, а шестопријавениот на 100 часа хуманитарна работа со обврска психосоцијално лекување и општокорисна работа.

Ја силувале од 15 години

Во моментот на извршување на делата, тројца биле полнолетни, двајца пред полнолетство, а двајца малолетни. На почетокот на судењето само еден од нив бил сè уште малолетник. Во меѓувреме во сообраќајна несреќа трагично загина еден од обвинетите.

Обвинението ги товареше за сторено тешко кривично дело против сексуалната слобода врз жртва која е особено ранлива поради возраст, болест, зависност, бременост, инвалидитет, тешка телесна или ментална попреченост, за што е предвидена казна затвор од една до осум години.

Тие и се заканувале

Девојчето станало жртва на масовна сексуална злоупотреба од момчињата кога имала 15 години. Силувањата понекогаш ги снимале и со своите мобилни телефони, со кои ја уценувале за да ја натераат на нови сексуални односи. Тие и се заканувале дека ќе ги испратат филмовите до нејзините родители и пријатели, доколку таа не се согласи на секс. Во судницата повеќе од половина час се читаа болните детали од овој случај, како и образложението на пресудата на судијката Сандра Радановиќ. Одбраната бараше изземање на тие снимки како незаконски, но Врховниот суд го одби тоа барање како неосновано.

Низ Хрватска беа организирани протести „Правда за девојчето“, а повод беше ослободувањето од истражниот затвор на осомничениот за повеќекратно силување, сексуална експлоатација, уцена и физичко и психичко малтретирање на петнаесетгодишното девојче кое траеше цела година.