Последниве години кај нас актуелно е прашањето околу реформите во образовниот систем, кој досега се покажа прилично неефикасен. Често слушаме за одличните примери за добро организираното образование во другите држави, па според успесите на учениците и резултатите, Кина пронашла одлична формула за ефикасен образовен систем. За кинеските граѓани, образованието e бесплатно и денес повеќе од деведесет проценти од регионите во Кина се вклучени во програмата за задолжително основно образование, а речиси сто проценти од децата посетуваат училиште со што бројот на необразовани постојано се намалува.

Една кинеска поговорка вели: Не е лесно да се најде добар учител, но да се најде добар ученик е стопати потешко.

Децата во Кина започнуваат да одат на училиште од шестгодишна возраст, откако претходно се тестираат со повеќе тестови. Училишниот систем е насочен кон конкуренција и постигнување на најдобри резултати, така што обемот на работа во кинеските училишта е огромен и обемен, а со тоа учењето не е ограничено само на часовите во училиштата туку тоа продолжува и дома преку тутори.

Училишните часови започнуваат во 8 часот наутро  и траат до 15 ли 16 часот попладне, паузата за голем одмор и земање на оброк трае околу еден час, а потоа дома продолжуваат со домашните задачи. Во поголемите кинески градови, учениците имаат и дополнителни часови со тутори, како и часови по музика. Учителите уживаат голема почит, тие се истовремено едукатори, но и мотиватори. Ова лето, околу  50.000 основци учествуваа во иницијативата на градот Ксинју,  во провинција Џанкси, во источна Кина, која ја финансираше локалната самоуправа за обука на учениците по пливање на базенот во паркот Баоши.

Учениците се учат на три принципи: напорна работа, дисциплина и почит. Од мали учат дека треба да бидат најдобри во тоа што го прават и сосема е јасно зошто Кинезите се врвни во полето на науката, културата и уметноста.

Денес, преку примена на информатичката технологија, Кина, сè повеќе региони низ државата добиваат висококвалитетно образование. Со тоа учениците од руралните средини се доближуваат до реномирани училишта и учители. До крајот на 2020 година, сите училишта во Кина се поврзаа со интернет, а до крајот на 2021 година 99,5 отсто училишта имаа мултиледијални училници.

Кина има унифициран систем, со што преку државен испит кој се полага низ целата држава, средношколците со најдбри резултати се запишуваат на факултет. Бројот на универзитети во Кина е голем, многу од универзитетите се како мали градови кои имаат се што им е потребно на студентите за непречено образование и секојдневни животни потреби. Со оглед на бројот на жители на Кина, ваквото уредување на кампусите функционира беспрекорно.

Дипломираните студенти, по летните одмори често продолжуваат со своето образование на постдипломски студии, или со своите вештини кои ги стекнале на универзитетите се пријавуваат како волонтери по што  успеваат да се вработат. Некои од дипломираните студенти остануваат да работат во големите градови додека други, сакајќи да ја избегнат големата конкуренција за работни места, се враќаат во помалите градови од каде што потекнуваат.

Според кинеското Министерство за образование, бројот на дипломирани на факултетите во Кина, оваа година достигнало 10,76 милиони дипломци, што за прв пат ја надмина бројката над 10 милиони.

Во однос на трошоците за образование, во 2020 година, Кина издволила 5,3 трилиони јуани или 831,3 милијарди долари.

Кина во последните години издвојува повеќе средства за подобрување на квалитетот на образованието, така што трошоците за образованието во земјата девет последователни годинине паднале под 4 проценти од бруто-домашниот производ.