Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на средбата со претставници на Независен синдикат на судската полиција истакнала дека секогаш има простор за унапредување на правата на работниците и дека ќе биде разгледано барањето на Независниот синдикат на судската полиција за бенефициран стаж. 

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека на средбата се разговарало за унапредување на правата на членовите на судската полиција.

„На состанок се разговараше за можноста членовите на судската полиција да се стекнат со правото на бенифициран стаж, со оглед на тоа што во Законот за вработени во јавен сектор нивната служба е дефинирана како – овластени службени лица“, соопштија од МТСП.

Во соопштението од Министерството се подвлекува дека на состанокот се разговарало и за состојбите во судската полиција воопшто и за потребата од зголемување на бројот на вработени, со оглед на тоа што во некои судови недостасуваат судски полицајци.