По Европското првенство во фудбал, на кое дебитираше и македонската репрезентација, олимписките игри се втор главен спортски настан ова лето. Тие со сигурност ќе бидат во центарот на вниманието кај пошироката спортска јавност, но не само поради резултатите туку и по бројните работи кои не се баш поврзани за спортот.

Многу спортисти кои доаѓаат во олимпиското село, доаѓаат како на екскурзија, за дружење и забава, а не за спортски резултати.

На Олимписките игри во Токио ќе настапат околу 11.500 спортисти, а јасно е дека многу од нив нема да се приближат ниту до подиумот, а не пак до златото. Но, што се случува во олимпиското село, раскажаа и самите спортисти.

  • Сите сме таму да се натпреваруваме, тоа не е спорно. Првата недела сите сме фокусирани на постигнување добар резултат, а втората недела на Игрите станува сè поинтересна. Тогаш имаме повеќе слободно време и тогаш започнува забавата. Обично започнува со спортисти кои разменуваат телефонски броеви, профили на социјалните мрежи, изјави неименуван спортист по Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Потоа раскажа за своето искуство.

  • Се дружевме со украински спортистки и тие сакаа да ги однесеме некаде во Лондон. Излеговме со нив, се напивме, а кога се вративме во селото ги повикавме во нашата соба. Одеднаш сè стана напнато, почнавме да се бакнуваме и на крајот сето тоа заврши со секс во „четворка“. Една од Украинките точно знаеше што прави, не ѝ беше првпат. Истата вечер можевме да завршиме и со Американки, тие исто така не повикаа во нивната соба, но тоа не ни изгледаше фер, истакна еден британски олимпиец кој до ден-денес остана во тајност.

Потоа истиот олимпиец посочи дека секс има на секој чекор.

  • Убеден сум дека секој спортист може да најде спортистка секоја вечер и да има секс. Похрабрите дури тврдат дека можат да завршат секоја ноќ во кревет со натпреварувачка од друга земја. Секако се работи за спортисти од САД, по што следат оние од Источна Европа, заклучи тој.

И американскиот фудбалер Хоуп Соло зборуваше слично.

  • Голем број спортисти имаат секс на Олимписките игри. Кога ќе се сетам само на Пекинг… Тие имаа секс на отворено, на трева, меѓу згради… Насекаде, изјави поранешниот голман на САД.

И кога се одржаа Олимписките игри во 2016 година во Бразил, 12.000 проститутки од Рио де Жанеиро објавија почеток на сезоната за лов со доаѓањето на првите олимпијци.

  • Толку многу луѓе дојдоа во мојот град да освојат олимписки медал… И јас ги ловам своите „медали“. Ја знам мојата цел: Сакам да бидам олимписка победничка во мојата деловна активност! Иако, морам да признам, има многу работа, изјави тогаш еден „ноќна дама“.

Парагвајската атлетичарка Лерин Франко постигна завидни резултати во текот на својата кариера, но светската слава ја стекна, пред сè, благодарение на нејзината убавина.

Во последниве години, Парагвајката беше повеќе ангажирана на модните писти отколку на атлетските патеки, а за време на неодамнешното снимање во Канада, откри сочни детали од Олимписките игри.

  • Најлошо е на Олимписките игри. Сум видела и искусила сè. Моите цимерки едвај чекаа да го завршат натпреварот и да ги потрошат сите кондоми што ги добија. Никоја од нив не размислуваше за резултатите. Со оглед на тоа што бев со момче од репрезентацијата, ни мене не ми остана ниту еден кондом, истакна убавата атлетичарка.

Бразилската скокачка Ингрид де Оливеира призна дека имала секс со кајакарот Педро Гонкалвес во собата што ја делела со својата цимерка на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

  • Се сретнавме на Олимписките игри во Рио и сакавме нешто повеќе. И да, ја замолив цимерката пред церемонијата на отворање на Игрите да ми даде малку простор да се забавувам со него. Но, ако мислите дека само јас имав секс на Олимписки игри, не сте во право. И многу други имаа секс. Болт донесе девојки без акредитации во собите. И многу отворија профили на Тиндер само за да можат да флертуваат едни со други. Требаше да го видите бројот на кондоми на Олимписките игри, вели таа.

Оваа година Јапонците ќе поделат 160.000 кондоми, но ситуацијата со коронавирусот искомплицира сè. Организаторите велат дека кондомите ќе останат како сувенири за дома и дека спортистите мора да „избегнуваат непотребни контакти со останатите учесници“. Предвидени се и казни што вклучуваат дисквалификација или дури и депортација од Јапонија.