Чоколадирани суви сливи

220

Сувите сливи се многу корисни за здравјето и особено се препорачуваат во зимскиот период поради двојно помоќната антиоксидативна заштита што му ја нуди на организмот во однос на останатото суво овошје.

А, замислете да ги обвиете во мека, кадифена чоколадна обвивка… добивате десерт на ниво на најпрефинетите пралини, а згора на тоа, уште и посен.

Потребнo e:

  • дваесетина суви сливи
  • 3 штангли чоколадо за готвење
  • 50 г мелени ореви
  • 50 г мелени посни бисквити
  • 3 лажици шеќер во прав
  • сок од лимон
  • лажиче рум

Приготвување
Оставете ги сливите во топла вода да омекнат.

Расечете ги по должина, па извадете им ги семките. Посебно измешајте ги оревите, мелените бисквити, шеќерот во прав, румот и сокот од лимон.

Со добиената смеса полнете ги сливите. Растопете го чоколадото со лажица масло и многу малку вода.

Со чепкалка пуштајте ја секоја од сливите во растопеното чоколадо, а потоа редете ги на подмачкана подлога додека да се стегне чоколадото.

Ако сте љубители и на бадем, пред да ги прелеете со чоколадо, во средината од полнењето за сливите можете да ставите и по еден бадем. Една е повеќе од доволно за префинето слатко задоволство.