Освен што го сакаат скоро во секоја салата и често го додаваат во зготвени јадења, доматот е многу корисна храна и природен лек за многу болести. Богата со витамини Ц, Б и К, како и минерални соли – калиум, натриум, магнезиум, калциум, железо, секако е здрава храна.

Сокот од домат исто така може да го подобри вашето здравје на неколку начини. Ликопенот, кој се наоѓа во доматите, обезбедува заштита од атеросклероза, срцев удар и ја подобрува целокупната состојба на организмот.

Лековитите својства на сокот од домати се рефлектираат во фактот што го регулираат метаболизмот, ја зајакнуваат отпорноста и исфрлаат вишок течност од организмот, го намалуваат крвниот притисок (ако не е солен), ја подобруваат крвната слика, го регулираат варењето, позитивно влијаат на црниот дроб, панкреасот и ревматизмот.

Научните истражувања исто така покажуваат дека сокот од домати спречува тромбоза. Особено кај луѓе со дијабетес тип 2, кои имаат зголемен ризик од формирање на тромби. Бидејќи овој феномен е најчеста причина за инфаркт на срцето и мозокот им се препорачува да консумираат сок од домати, со потреба истовремено да се намали внесувањето на натриум.

Срцевите пациенти треба, од истата причина, да консумираат сок од домати, како и поради високата содржина на калиум. Препорака за земање на сок е најмалку е една чаша свежо подготвен пијалак секој ден.