Грчкиот тенисер Стефанос Циципас дојде до титула на турнирот во Мајорка, со победата над Роберто Баутиста Агут по три сета (6-4, 3-6, 7-6) и така ја освои првата титула на трева во кариерата.

За шестиот светски рекет, ова беше втора титула оваа година по успехот во Монте Карло. Следен предизвик за него ќе биде Вимблдон, каде што само еднаш во кариерата успеа да ја мине првата рунда.