Екипата на Еурофарм Пелистер 2 доби ново име во тимот потпишувајќи договор со Василије Печурица од Црна Гора. Се работи за 18-годишен голман и младински репрезентативец на балканската селекција. Во тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој го чекаат настапи во Европската лига на ЕХФ, Печурица ќе ја пополни дупката по заминувањето на Благојче Трајковски во Алкалоид.

Црногорецот минатата сезона собра искуство во Суперлигата затоа што бранеше за Струга, а претходно настапуваше и за Будуќност. Претходно, четвртопласираната екипа во Суперлигата за минатата сезона се засили и со Мартин Ивановски од Охрид. Покрај Трајковски, клубот од Битола го напуштија и Ѓукиќ и Димитриоски.