Еден од најдобрите хрватски ракометари Лука Циндриќ е успешно опериран а левото рамо, по што неговата рехабилитација ќе трае околу месеци, соопштија од Хрватската Ракометна Федерација.

Поранешниот ракометар на Вардар се здоби со повредата во првото коло од Лигата на шампионите меѓу неговата Барселона и германскиот Фленсбург. Оперативниот зафат на лигаментите на клучната коска беше извршен во една од најдобрите каталонски клиники и траел два часа.

Наредните три недели Циндриќ ќе мора да мирува со лонгета на рамото и раката, по што ќе почне со полесни вежби. Од федерацијата на Хватска, информираа и дека Циндриќ ќе успее да се опорави и за четири месеци да биде во комбинација за настап во дресот на „коцкестите“ на ЕП во Унгарија и во Словачка.