Челниците на Болоња му подготвуваат „шут-карта“ на тренерот Синиша Михајловиќ после дебаклот на „Џузепе Меаца“ и поразот од Интер со 6:1, пишуваат италијанските медиуми. Раководството не е задоволно од играта на тимот од почетокот на сезоната, а понижувањето против Интер може да биде капка која ја прелеа чашата.

Според „Тутомеркато“ на местото на Михајловиќ може да дојде легендарниот играч за врска Даниеле Де Роси. Де Роси беше асистент на Манчини, но го напушти стручниот штаб на Италија по завршувањето на Европското првенство и сега е во потрага по својата прва самостојна работа.