Поранешниот ракометар на Вардар, Хрватот Лука Циндриќ со трофеј дебитираше во дресот на Барселона. Тој со својот нов клуб го освои Каталонскиот Суперкуп, откако во финалето го надиграа Грањолерс со 43:24. Ова е седма последоватлна титула од единственото каталонско натпреварување во клупскиот ракомет.

Лудовик Фабрегас со седум и Алекс Пасквал со шест гола беа најефикасни во победничкиот табор, а Фигуерас со четири гола се истакна кај Грањолерс. Ова беше последен тест за Барселона пред патот во Саудиска Арабија, каде каталонскиот гигант го брани трофејот од Супер глоуб