ЦИК: Шест партии сигурно влегуваат во новиот бугарски парламент, се уште не е јасно за Стефан Јанев и Слави Трифонов

39

Шест партии сигурно ќе влезат во 48. Народно собрание, соопшти Централната изборна комисија на Бугарија. Со речиси 100% обработени протоколи, ГЕРБ-СДС останува прва политичка сила во Бугарија, јавува дописникот на МИА од Софија. Портпаролот на ЦИК Цветозар Томов за Нова ТВ изјави дека судбината на партиите на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев и Слави Трифонов – „Бугарски подем“ и „Има таков Народ“ се уште не е конечно јасна.

Според него, се уште не е јасно дали „Бугарски подем“ и ИТН ќе бидат во следниот бугарски парламент или не. Според Томов, засега се чини дека новата формација „Бугарски подем“ има поголеми шанси да влезе во бугарското 48. Народно собрание од ИТН.