Царовска: Се разговара за активирање на дневниот престој во училиштата

100

Во тек е дискусија со министерството за труд и социјална политика и со Комисијата за заразни болести во врска со можноста за евентуално отворање на дневните престои за децата од пониските одделенија, рече на денешната прес конференција министерката за образование, Мила Царовска.

„Се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со министерството за труд и социјална политика, заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите. Штом ќе има конечна информација ќе бидете известени“, рече Царовска.