Медиумите во Англија го критикуваа Тотенхем

69

Англиските медиуми беа доста критични по тешкиот пресврт преку кој Тотенхем го елиминираше освојувачот на Купот и Суперкупот на Бугарија – Локомотив во Пловдив во второто квалификациско коло од Лига Европа.

Тимот од Лондон беше во сериозни проблеми до последната четвртина од мечот во Бугарија, кога доби пенал и останаа со двајца фудбалери повеќе на теренот.

„Тотенхем преживеа кошмар. Беше на неколку минути од елиминацијата во второто квалификациско коло од Лига Европа“, пишува Би-Би-Си.

„На 19 минути пред крајот, Тотенхем веќе гледаше во бездната, пред Хари Кејн и Танги Ндомбеле да го спасат Жозе Мурињо да изгледа засрамен“, додаде „Дејли Мејл“,

Мирор додаде: „Тотенхем беше на работ на еден од најсрамните порази во нивната понова историја“, велат колегите од „Мирор“.