„Христос воскресна – Навистина воскресна“! Во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме!

358

Празникот над празниците – христовото воскресение – Велигден, вечерва точно на полноќ го најавија биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква.

Фото: П. Стојановски

Православните верници се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресна – Навистина Воскрена“. Со кршењето на велигденското јајце го честуваат големиот христијански празник Велигден, со што го прекинуваат долгиот велигденски пост.

Денот на Христовото воскресение Велигден не е само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол свети Апостол Павле – „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“.