Хрватската полиција апелира граѓаните да не се собираат пред зградите по земјотресот, бидејќи може лесно да дојде до ширење на коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА, веднаш по потресот голем број граѓани се групираа пред зградите, а тоа според лекарите е опасност за брзо ширење на коронавирусот. Од таму информираат дека го разбираат стравот кај жителите, апелираат да останат надвор, но со Хрватска полиција со апел граѓаните на Загреб поради коронавирус потребна дистанца меѓу нив со цел спречување на ширењето на заразата.

Во меѓувреме хрватските Центар за цивилна заштита апелираше граѓаните да не влегуваат во своите домови бидејќи некои од нив се оштетени, а евентуални нови потреси можат да бидат многу опасни.

Извор: МИА